Реџепи со видео порака: Добар сум, чекам да поминат заканите

Од:

На својот профил на Фејсбук, преку видео порака се обрати Кастриот Реџепи од Беса, кој од утрово е недостапен за да гласа во Собранието на иницијативата за гласање недоверба на Владата.

Добар сум и здрав сум, се гледаме брзо, напиша тој.

Тој тврди дека е во добра состојба и откако ќе поминеле заканите од сопартијците, ќе раскажел се што се случило.

„Сакам да ви се заблагодарам за поддршката. Сигурноста и стабилноста на земјава, мирот и бллагосостојбата на нашиот народ, дефинитивно треба да биде најважната работа за сите. Претседателот Биљал Касами и другите не треба да се загрижени за мене. Јас сум на сигурно место, на вистинската страна сум, со Албанците сум, и со сите граѓани на земјава кои сакаат мир, слобода и демократија“, вели Реџепи во пораката на Фејсбук.

Тој нагласува дека е со ЕУ и НАТО и не е со антиалбански кругови.

„Ова ви го велам со чиста совест и штом ќе поминат некои опасности од закани од страна на одредени индивидуи, ќе се појавам пред медиумите и се ќе објаснам. Секогаш ќе се залагам за слобода на изразувањето, за слободниот став на носење одлуки, што е доблест на демокраското општество. Господ да ги благослови Албанците, Македонците и сите што живеат во Република Северна Македонија“, додава Реџепи во објавата.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски

Собранието ќе расправа за законските измани за укинување на техничката влада

Поништени огласите за членови на Судскиот совет од редот на Собранието и за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Собранието одлучи: Нафтената кризна состојба се продолжува до 20 јули