Стихозбирката „Сезона на пелинот“ од Љубинка Донева – добитник на наградата „Даница Ручигај“

Од:

Признанието „Даница Ручигај“ што Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) го доделува за книга поезија објавена во тековната календарска година од поетеса-членка на асоцијацијата, годинава ѝ се доделува на Љубинка Донева за стихозбирката „Сезона на пелинот“.

– Поезијата на Донева е сугестивна, згусната во поетските слики и претстави и е куса по форма… Пелинот е симбол за животот денес, стравот од егзистенцијата, болка од дистопијата и дисхармониите во светот. Пелинот е симбол, метафора, архетип на животните падови: смртта, болеста, тагата, очајот, немоќта … ‘Сезоната на пелинот’ е синтагма што ја засилува поетската функција и на живата поезија ѝ дава продолжен живот. ‘Сезоната на пелинот’ на Донева е горчлива наслада, медицински еликсир во полен и мед за раните нанесени на женското тело, истакнува селекторката Марина Мијаковска во образложението за изборот.

Со наградата „Даница Ручигај“ се чествува името на македонската поетеса која трагично и прерано го загуби животот во скопскиот земјотрес и се поттикнува и валоризира поетското творештво на македонските писателки, соопштија од ДПМ.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска