Израелските лидери се забарикадираа во бункер во симулациска вежба на смртоносна епидемија

Од:

Израелскиот премиер Нафтали Бенет и неговите најблиски високи соработници денеска се засолниле во воен бункер за време на воена вежба со која се симулира избивање на нова, смртоносна варијанта на Ковид-19.

Премиерот ја опиша целодневната вежба „Омега“, именувана според измислен вид на вирусот, како мерка на претпазливост да го одржи Израел подготвен за „секое сценарио“.

Антинуклеарниот комплекс во ридовите на Ерусалим, познат како „Национален центар за управување“, исто така беше искористен за координирање на првите реакции на новиот коронавирус САРС-КоВ-2 во март 2020 година.

Бункерот е изграден пред повеќе од една деценија поради страв од иранската нуклеарна програма и ракетната пресметка со Либан и појасот Газа.

Во најновата вежба беа вклучени и цивилни и воени лидери, а во неа се симулираа масовно тестирање, хоспитализација и полициски час.

Резултатите од оваа симулациска вежба Израел ќе ги сподели со своите партнери.

-Израел е безбеден и заштитен. За да го одржиме ова и да обезбедиме продолжување на нормалниот живот, мораме да продолжиме внимателно да ја следиме ситуацијата и да се подготвуваме за секое сценарио, рече Бенет.

Израел воведе строги карантини за време на првите три бранови од пандемијата, но ја одржа економијата и училиштата отворени од почетокот на четвртиот бран во јуни, потпирајќи се на вакцинации и други епидемиолошки мерки, како што е носењето маски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Израел повторно нападна бегалски камп во Газа, има мртви

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Ликвидиран командант на Хезболах, главниот играч во снабдувањето со оружје

Хезболах лансираше „голем ракетен бараж“

Комеморација на жртвите на фестивалот на кој нападна Хамас

Хезболах: Нема место за Израел во регионот

Катерина Ѓуровски