Кетрин Ештон во посета на Египет

Од:

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон, се сретна денеска со времениот египетски претседател Адли Мансур.

Ештон и Мансур разговараа за последните случувања во земјата и за патоказот што го направи војската за управување со Египет.

Ештон се сретна и со заменикот на времениот претседател, Мохамед ел-Барадеј. Подоцна таа ќе се сретне и со министерот за одбрана генералот Абдел Фатах ал-Сиси, со премиерот Хазем ел-Беблави и со шефот на дипломатијата Набил Фахми.

Ештон претходно изјави дека ЕУ ги следи случувањата во Египет со голема загриженост. Таа истакна дека египетската војска мора „да го прифати и почитува конститутивниот авторитет на цивилните сили“.

Би можело да ве интересира

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп