Елмас: Во Ерменија одиме да победиме

Од:

Македонската фудбалска репрезентација ги продолжува подготовките за двата последни натпревари од квалификациите за Светското првенство 2023 против Ерменија (11 ноември) и Исланд (14 ноември).

Играчот од средниот ред, Елиф Елмас најави игра на победа во Ерменија.

– Подготовките течат одлично. Иако не зависи се од нас, одиме во Ерменија да победиме. Имаме теоретски шанси и до крај ќе се бориме за второто место. Треба да бидеме паметни и со многу жар во играта да покажеме дека сакаме да победиме. Романија може да згреши, па со две победи ни се отвора патот до баражот. Досега покажавме дека можеме да се „носиме“ со сите, па така ќе биде и на средбата со Ерменија.

Дуелот се Ерменија „црвено-жолтите“ ќе го играат на гостински терен, додека со Исланд ќе се сретнат во Скопје.

Би можело да ве интересира

Канатларовски: Заслуживме бод, момците одиграа многу храбро и со голема пожртвуваност

Ана Ололовска

ВИДЕО: Фудбалерите со „Земјо Македонска“ го прославија пласманот во баражот за СП 2022

Ана Ололовска

Милевски: Фудбалерите ја оправдаа довербата, имаме потенцијал уште да напредуваме

Ана Ололовска

Пендаровски им честиташе на фудбалерите за победата против Исланд

Ана Ололовска

ВИДЕО: Историска победа на фудбалската репрезентација на Македонија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Македонија со гол предност по првото полувреме

Ана Ололовска