Ќе се зголемат цените на струјата од идната година, до кога ќе трае кризата никој не може да каже

Од:

Електроенергетскиот систем во Македонија е затечен со енергетска криза на високи цени на електрична енергија на пазарот. Професорот Антон Чаушевски од Факултетот за електроника и информациски технологии смета дека треба да се активираат домашните капацитети за производство, бидејќи никој не може да каже до кога ќе трае кризата. Објаснува и дека до Македонија во последните десет години увезувала 30 отсто, сега се увезува 40-50 отсто. Ова е последица на тоа драстичниот пораст на цените на регионалниот пазар, но и неисполнување на обврските од страна на добавувачите.

„До кога ќе трае ова состојба никој не може да каже, затоа е потребно да се активираат домашни капацитети кои се на располагање, а тоа се на јаглен и мазут. Редукции е крајна опција доколку не може да се обезбедат дополнителните производни капацитети во Битола и Неготино и ако останеме неповрзани на околните електроенергетски системи. Тогаш останати само на сопствените домашни производни капацитети ќе мора да се најде начин како ќе ги покриеме и кои од потребите“, вели професорот Чаушевски.

Пандемијата е параван, а има и други причини и фактори зошто се јавува енергетска криза, смета тој. Запоставувањето на термоенергетските капацитети и гасење на некои нуклеарните електрани во Европа во последните дваесет години се едни од нив.

„Во Германија се затворија околу 15 нуклеарни централи кои работеа во базен режим и на полна снага. Така, базната енергија во Европа остана да зависи претежно од гасните електрани што секако предизвика зголемени потреби од гас, а со тоа и цената на гасот порасна. Мора да се знае дека сите енергетски ресурси, нафта, природен гас, електрична енергија се меѓусебно поврзани, така што порастот на еден енергенс предизвикува порано или покасно пораст и на останатите ресурси. Истовремено сведоци сме и на исклучително сушна хидролошка година, така што хидроцентралите не можат да помогнат“, објаснува тој за причините.

Прашан дали се има потфрлено во планирањето и производството електрична енергија во Македонија, Чаушевски проблемот го гледа кај добавувачите.

„АД ЕСМ како државна компанија има обврска да ги снабдува потрошувачите на ЕВН, така што нема обврска за индустриските и други помали потрошувачи кои имаат договори со други снабдувачи. Со новата ситуација, многу добавувачи ги откажаа договорите или пак не можат да ги исполнат, односно мора да понудат високи цени, така што овие потрошувачи останаа на мрежата на снабдување на МЕПСО, како и на АД ЕСМ“, кажа тој.

Професорот Чаушевски е дециден дека се очекува пораст на цената на струјата од следната година.

„Сите овие високи цени на увозна електрична енергија, или интервентна електрична енергија, како и увозниот јаглен и мазут што ќе се набави, треба да се плати. Тоа секако останува да се покрие или од самите потрошувачи директно преку сметките за електрична енергија, или пак ако Владата интевенира преку даночните обврзници“, вели Чаушевски.

Би можело да ве интересира

АД ЕСМ: Набавуваме електрична енергија поради нискиот хидропотенцијал

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

Мицкоски: Не очекувам да има турбуленции и позначителни потреси на пазарот со електрична енергија во земјава

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

РЕС нуди до 40 отсто пониски цени на струја од моменталните на пазарот

Горан Наумовски

ДУИ: Владата на нетранспарентен начин ја зголемила цената на струјата за компаниите