Совети за потенок струк

Од:

Обликот на „песочен часовник“ е секогаш пожелен кај жените, па многумина прибегнуваат кон, честопати и нездрави и болни начини за истенчување на струкот. Истражувањата покажаа дека анасонот, ананасот и нането го зголемуваат нивото на дигестивните ензими, така што храната полесно се вари и останува покусо во телото. Следат уште неколку кратки совети.

Помал внос на сол

Прекумерното количество сол во организмот предизвикува таложење и задржување на водата во организмот. За намалување на струкот, треба да се намали и количината сол во храната, па така, вишокот течност ќе излезе од телото – а тоа е олеснување за цел организам.

И ѓумбирот е полезен

Истражувањата покажуваат дека и ѓумбирот има корисно влијание врз варењето. Тој, како и анасонот и нането, го зголемува нивото ензими за варење, така што тоа оди полесно. Покрај тоа, нането ги намалува гасовите и грчевите, ѓумбирот помага при мачнина, а анасонот е природен диуретик кој го спречува задржувањето на водата во организмот.

Повеќе пробиотици

Пробиотиците во исхраната ја одржува во рамнотежата на цревните бактерии. Имено, кога ќе дојде до нарушување во количината на корисни бактерии, тогаш доаѓа до гасови и подуеност. Пробиотиците не само што се одлични за варењето, туку и го подобруваат расположението и зајакнуваат имунитетот.

Повеќе ананас

Јадењето ананас придонесува за подобро варење и го смирува дигестивниот тракт. Имено, богат е со бромелаин, особено неговиот средишен, тврд дел. Тоа е ензим кој ги разградува протеините, го забрзува метаболизмот и ја намалува акумулацијата на гасови во цревата.

Ферментирана храна

И ферментираната храна, во одредена смисла, како што пишува „Кликс“, е доста корисна за здравјето на цревата и правилното варење. Го стимулира растот на корисни бактерии како бифидобактериите и лактобацилите и, на тој начин создава одличен извор на природни пробиотици. Покрај тоа што помага да се намали количеството гас, го стимулира и лачењето серотонин – хормонот на среќата што се произведува и во цревата.

Би можело да ве интересира

Црното кафе може да помогне при слабеење

Ана Ололовска

Гладта ​​го подобрува чувството за мирис

Ана Ололовска

Ослабни со липо пакет и добиј подарок GE132

Ана Ололовска

Дебелината значително ја зголемува смртноста од Ковид-19

Катерина Ѓуровски

Огромна трансформација на американскиот актер: Имал 220 килограми, денеска е преполовен

Ана Ололовска

Бананата може да придонесе за слабеењето

Ана Ололовска