Нови протести во 100 американски градови поради пресудата за Џорџ Цимерман

Од:

Граѓанските организации за следниот викенд планираат протестни собори во сто американски градови, со цел да извршат притосок врз федералните власти повторно да го обвинат поранешниот припадник на т.н. цивилна стража, Џорџ Цимерман, кој е ослободен од обвинението за убиство на невооружен црномурест тинејџер.

Цимерман беше обвинет за убиство без предумисла, кога минатата година со истрел од огнено оружје го уби 17-годишниот Трејвон Мартин, но поротата, во која имаше шест жени, го ослободи од обвинението, како и од полесното обвинение за убиство поради невнимание.

– Луѓето од целата земја ќе се соберат за да покажат дека бесот не поминал за два-три дена. Ова е граѓанско движење за правда, изјави свештеникот Ал Шарптон, најавувајќи го планот за протест пред Министерството за правда во Вашингтон.

Протестите ќе бидат одржани пред зградите на федералните судови во сабота попладне во повеќе градови, меѓу кои се Лос Анџелес, Чикаго, Филаделфија и Њујорк.

Мартин бил во посета на својот татко. Тој се враќал во домот на вереницата на неговиот татко во Санфорд на Флорида, откако бил во продавница, кога Цимерман го идентификувал како потенцијален криминалец. Цимерман потоа смртно го ранил во текот на физичката пресметка. Трагедијата се случи во февруари 2012 година.

Мартин е црномурест, а Цимерман се претставува како Хиспаноамериканец. Тој е уапсен по 44 дена, а учесниците во протестите сметаат дека расизмот е главен фактор во ова злосторство.

Семејството и пријателите на Цимерман упорно тврат дека тој не ги мрази црнците.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски