Тотре и Бабунски повикани во репрезентацијата на местото од повредените Ракип и Јаховиќ

Од:

Македонските фудбалери, Ердал Ракип (Малме) и Адис Јаховиќ (Гестепе) поради повреда нема да се стават на располагање на селекторот Благоја Милевски за подготовките и натпреварите на репрезентација против Ерменија (11 ноември) и Исланд (14 ноември) од квалификациите за Светското првенство 2023.

Фудбалерот на шведски Малме има болка во коленото и денешниот извештај од магнетната резонанца ќе потврди колку време Ракип ќе отсуствува од терените.

Адис Јаховиќ поради повреда (задна ложа) излезе во 16. минута во вчерашниот настап за својот тим Гезтепе против Конјаспор од турското првенство.

Милевски дополнително ги повика Енур Тотре од Тирана и напаѓачот на Ботев Враца, Доријан Бабунски. Двајцата фудбалери ќе бидат на првиот тренинг, попладне на теренот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Би можело да ве интересира

Канатларовски: Заслуживме бод, момците одиграа многу храбро и со голема пожртвуваност

Ана Ололовска

ВИДЕО: Фудбалерите со „Земјо Македонска“ го прославија пласманот во баражот за СП 2022

Ана Ололовска

Милевски: Фудбалерите ја оправдаа довербата, имаме потенцијал уште да напредуваме

Ана Ололовска

Пендаровски им честиташе на фудбалерите за победата против Исланд

Ана Ололовска

ВИДЕО: Историска победа на фудбалската репрезентација на Македонија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Македонија со гол предност по првото полувреме

Ана Ололовска