Абу Даби им дозволи на немуслиманите да се венчаат

Од:

Најновиот декрет на владетелот на Абу Даби им дозволува на немуслиманите да го регулираат својот брачен статус поинаку од претходно, а од денеска ќе можат да се венчаат, да се разведуваат и да имаат заедничко старателство над децата според одредбите на граѓанскиот закон, објави државната новинска агенција.

Тоа е еден од последните потези на Обединетите Арапски Емирати, земја во која брачниот статус е регулиран според строгите шеријатски принципи, за одржување на конкурентноста како регионален трговски центар.

Според декретот на владетелот на Абу Даби, шеикот Калифа Зајед ал Нахаџан, кој е и претседател на федерацијата на седум емирати на ОАЕ, новиот закон опфаќа граѓански брак, развод, алиментација, заедничко старателство над децата, доказ за татковство и наследство.

Целта на законот е „да се зајакне позицијата и глобалната конкурентност на Емиратите како една од најатрактивните дестинации за таленти и луѓе со вештини“.

Граѓанскиот закон за немуслиманите е прв од ваков вид во светот што е „согласно најдобрата меѓународна практика“.

Во Абу Даби ќе се формира нов суд кој ќе се занимава со немуслимански семејни прашања, а сите прашања ќе се решаваат на арапски и англиски јазик.

Обединетите Арапски Емирати воведоа голем број законски измени на федерално ниво минатата година, вклучително и декриминализација на предбрачниот сексуален однос и консумирање алкохол, а исто така беше укинато одредбата за благи казни во случаите „убиства од чест“.

Таа земја од Персискиот Залив се обидува да привлече странски инвестиции преку законски измени и да се направи себеси попожелна за долгорочен престој.

Би можело да ве интересира

Почина шеикот Саид бин Зајед Ал Нахјан, ОАЕ прогласи почеток на тридневна жалост

ВИДЕО: Експлозија во центарот на Абу Даби, луѓето во паника излегоа на улиците

Ана Ололовска

Формула 1 во Абу Даби до 2030

А1он

НБА планира да одржи два претсезонски натпревари во Абу Даби

А1он

„Етихад“ заради загуби продава 38 авиони за милијарда долари

Ана Ололовска

„Етихад Ервејс“ со загуба од 1,28 милијарди долари во 2018 година

Ана Ололовска