Сообраќајка на патот Скопје-Долно Блаце, едно лице тешко повредено

Од:

На магистралниот пат Скопје – граничен премин Долно Блаце вчера се случила сообраќајна несреќа меѓу две патнички и едно товарно возило, при што едно лице се здобило со тешки телесни повреди.

Како што информираат од МВР, станува збор за патничко возило „шкода“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(44) од Скопје, патничко возило „сеат алхамбра“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.А.(40) од Скопје и товарно возило влекач „волво“, со косовски национални ознаки, со полуприколка, управувано од С.Е.(49) од селото Страчинци, скопско.

Во несреќата И.А. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он