Блуз пејачот Лестер Чејмберс е нападнат на концерт во Калифорнија бидејќи посветил една песна на убиениот црн тинејџер, Трејвон Мартин.
Нападот го извршила жена, која скокнала на бината и му нанела повреди во пределот на ребрата.
Како што пренесуваат локалните медиуми Чејмберс испеал песна за црното момче кое што во февруари, додека се враќало од продавница за слатки беше убиено од Џорџ Зимерман.
Според наводите на очевидци, четириесет и тригодишната Дајналин Ендруз Потер на концертот извикувала „Сами сте виновни“, пред да скокне на бината и да го нападне пејачот.
Полицијата ја привела, поради нанесување телесни повреди, но по земањето искази не и одредила притвор.
Судот на Флорида пред два дена донесе одлука да го ослободи Зимерман од обвинението, што предизвика бурни реакции во САД.
Политичката групација на црнците „Нова партија на Црните пантери“, во сабота понуди 10.000 долари награда за оној кој што ќе го фати Зимерман, „жив, мртов или повреден“.
Елена Георгиевска