• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Во очекување на одговор од ДИК, прекината седницата за верификација на мандатите на новите пратеници

by А1он05/11/2021 - 13:04143
Share0

По пауза поради одржување на локалните избори, Собранието денеска ја почна 51-та седница. На почетокот на седницата беше констатирано престанување на мандатите на пратениците кои на локалните избори беа избрани за градоначалници во општините во кои тие конкурираа.

Добивај вести на вибер

Тоа се Костадин Костадинов од СДСМ, кој сега е градоначалник на Струмица, Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ, кој е нов градоначалник на Општина Аеродром. Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ кој стана градоначалник на Општина Бутел, Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ нов градоначалник на Штип, Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ кој е избран за градоначалник Охрид и Биљал Касами од БЕСА, кој е градоначалник на Тетово.

За новите пратеници, чиј мандат треба да биде верификуван, на местото на оние досегашни пратеници кои заминуваат во локалната самоуправа, Собранието ќе почека Државната изборна комисија да го достави списокот на кандидатите кои доаѓаат на нивните места од редовите на избирачките листи од партиите на минатите избори.

Токму затоа претседателот на Собранието, Талат Џафери ја прекина седницата. Тој очекува до 14 часот да ги добијат списоците од ДИК, по што треба да продолжи седницата.

Покрај верфикација на мандатите, на дневен ред на 51 седница се вкупно 14 точки, меѓу кои и Предлог-одлуката за испраќање на припадник на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина, предлог-законите за Академија за судии и јавни обвинители, за адвокатура и за граѓанска одговорност за навреда и клевета, сите во прво читање.

Пратениците треба да дискутираат и за Дополнетиот предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за трговија, во второ читање, Предлог-законот за дополнување на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај, по скратена постапка, Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, во прво читање.

Собранието денеска ја почна 51 седница во Големата сала (купола). Пратениците во наредниот период ќе ги одржува седниците во оваа сала, бидејќи во моментов се изведуваат работи за опремување на пленарната сала во законодавниот дом со електронски систем за говорење, гласање и опрема за симултан превод.

sobranie

Би можело да ве интересира

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Катерина Ѓуровски12/01/2026 - 08:39

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски10/01/2026 - 11:0810/01/2026 - 11:10

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски29/12/2025 - 13:2429/12/2025 - 13:44

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Предраг Петровиќ25/12/2025 - 15:46

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали

Предраг Петровиќ25/12/2025 - 15:37

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата

Горан Наумовски17/12/2025 - 19:13
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен