Шест египетски војници се повредени во координирани напади на екстремистички групи во северниот дел на Синајскиот Полуостров.
Екстремистите нападнале три армиски пунктови во реонот на градот Рафа, на границата со Појасот Газа. Нападите биле изведени со минофрлачи и артилериско оружје со голем калибар.
Ситуацијата на Синајскиот Полуостров е крајно тензична по 3 јули откако армијата го собори од власт претседателот Мохамед Морси.
Исламистите секојдневно вршат напади врз армијата и полицијата, при што досега загинаа најмалку 20 лица.
Командата на египетската армија претходно областа ја прогласи за реон каде се води „војна со теророт“ и префрли значителен број војници, како и специјални сили, тешко оружје и воени авиони.