Народната банка поддржа меѓународна декларација во рамки на Конференцијата на ООН за климатски промени

Од:

Мрежата за зелен финансиски систем во кој членува и Народната банка, денеска објави заедничка декларација за зелени финансии – Декларација од Глазгов.

-По повод Конференцијата на ОН за климатските промени во 2021 година, ја повторуваме нашата подготвеност за придонес во глобалниот одговор потребен за исполнување на целите на Парискиот договор и за таа цел ќе ги прошириме и ќе ги зајакнеме нашите колективни напори за озеленување на финансискиот систем, е истакнато при објавувањето на Декларацијата од Глазгов, поддржана и од Народната банка.

Во Декларацијата е наведено дека, следејќи го својот извештај за „повик за акција“, Мрежата развива широк сет анализи и практични алатки за споделување, особено во областите на претпазлив надзор, анализа на климатски сценарија, одговорни инвестиции,…

Народната банка како членка на Мрежата има и свој план на делување, со конкретни активности во рамките на своите надлежности. Овие заложби веќе се утврдени во Стратегискиот план на Народната банка за периодот 2022‒2024 година, каде што првпат како посебна стратегиска цел е наведено и зголемувањето на свесноста за климатските промени и придонесувањето за одржлива зелена економија.

-Ќе се спроведат истражувања за климатските промени и ризиците поврзани со нив, заради согледување на нивното влијание врз домашната економија, ќе се разгледува можноста за оцена на ефектите од климатските промени врз банкарскиот сектор преку спроведување анализа на климатските сценарија и спроведување стрес-тестови на банкарскиот сектор, ќе се спроведе анкета помеѓу банките за да се добијат податоци и информации со коишто ќе се овозможи анализа на евентуалните ранливости во банкарскиот сектор коишто произлегуваат од ризиците од климатските промени, најавува Народната банка.

Кајо што дополнува, Народната банка ќе ги разгледа и ќе ги процени перспективите за изградба на портфолио на зелени обврзници преку инвестирање во финансиски инструменти коишто поддржуваат проекти со позитивно влијание врз животната средина, при истовремено обезбедување конкурентни финансиски приноси.

Народната банка годинава стана членка на меѓународната Мрежа за зелен финансиски систем во која тековно членуваат 100 членки и 16 надбљудувачи од редот на централните банки и супервизорските институции од целиот свет. Со тоа се вброи меѓу централните банки кои имаат јасни и цврсти определби во рамки на своите надлежности да придонесат за развој на управувањето со ризиците во финансискиот сектор што произлегуваат од климатските промени. Основна цел на Мрежата е членките, на доброволна основа, да разменат искуства и да споделат најдобри практики.

Декларација од Глазгов е достапна на ЛИНКОТ

Би можело да ве интересира

Средба со Мисијата на ММФ: Народната банка со преземените мерки успешно ја одржува стабилноста

Ана Ололовска

Позначајни движења кај останатите финансиски институции (ОФИ): прв квартал на 2023 година

Ана Ололовска

Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Ана Ололовска

Ангеловска-Бежоска на Самит во Црна Гора: Истрајноста на политиките е од суштинско значење за стабилизирање на инфлацијата

Ана Ололовска

Ангеловска-Бежоска на Универзитетот во Штип: Дефицитот на тековната сметка во 2023 година ќе се намали при помали цени на енергентите

Ана Ололовска

Ангеловска-Бежоска: Инфлацијата ќе се намалува, на среден рок ќе се сведе близу до историскиот просек

Горан Наумовски