ФОТО: Струмичани на рок журка до раните утрински часови

Од:

До раните утрински часови струмичани се забавуваа и уживаа во рок музиката, а во рамките на фестивалот „Парксток“ кој по примерот на легендарниот „Вудсток“ по втор пат се одржа во Струмица.

Амфитеатарот во големиот градски парк беше претесен за да ги собере сите љубители и почитувачи на рокот, но им овозможи максимално да уживаат и да се забавуваат  со  свирката на младите бендови кои им понудија прекрасна изведба на познатите хитови од рок музиката.

parkstock 4

Според организаторите, главната порака на фестивалот е  младите што повеќе да уживаат во слободата, рок музиката, да ја пренесуваат љубовта и да го негуваат мирот.

-Иницијативата произлезе од група млади луѓе кои слушаат една поинаква музика. Првично мислевме да се собереме со два инструмента и да направиме забава за нас, но после дојде идеа да се собереме во поголем број со повеќе инструменти и така излезе „Парксток“, значи се се случи спонтано. Многу сме задоволни, од големиот одзив, но и од позитивните критики од минатата година и затоа одлучивме и оваа година да продолжиме и се надеваме дека овој фестивал ќе  стане традиционален, рече Љубомир Митровски, организатор на фестивалот.

parkstock 6

На второто издание на „Парксток“ учестуваа бендови од Струмица и Охрид, а се реализираше со поддршка на градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, здружението „Новус“ и почитувачи на рок музиката.

parkstock 3 parkstok 8 parkstok 2 Parkstock 9

Би можело да ве интересира

Скопје утрово со умерено ниво на аерозагаденост, прекинат прагот на алармирање во Струмица

Прекинат прагот на алармирање за аерозагадувањето во Струмица

ВИДЕО: Изгоре автомобил на патот Струмица-Дабиле

Катерина Ѓуровски

Јован и Јане се првите бебиња во Струмица во оваа година

Загаден е воздухот во Струмица, власта предлага вонредни мерки

Горан Наумовски

Струмичанец и се заканувал на 39-годишната сопруга

Горан Наумовски