Евроатлантските аспирации и македонско-бугарските односи, теми на средбата Џафери-Ројтен

Од:

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска се сретна со европратеникот Тијс Ројтен, кој престојува во работна посета на Република Северна Македонија.

Џафери, како што соопшти собраниската прес-служба, ја констатираше повеќедецениската соработка со Европскиот парламент на различни нивоа и ја поздрави континуираната поддршка на нашите аспирации за членство во Европската Унија. Тој информираше дека годишната Резолуција на Европскиот парламент и Извештајот на Европската комисија, кои даваат балансирана слика на актуелните состојби во земјата, за Собранието и државните институции секогаш претставуваат ориентир за спроведување на понатамошни реформи.

На средбата беа поздравени и иницијативите на Европскиот парламент, како Самитот на претседатели на парламенти од Западен Балкан на претседателот Сасоли и дијалогот Жан Моне, со кои суштински се унапредува политичкиот дијалог меѓу парламентите во регионот, но и дијалогот во самите парламенти на земјите аспиранти. Благодарение на овој Жан Моне дијалог, нашето Собрание, како што се наведува, е повеќе години единственото функционално Собрание во регионот.

Џафери го информираше Ројтен за актуелниот статус на односите со Република Бугарија, изразувајќи надеж дека во најскоро време ќе бидеме сведоци на надмината состојба и ќе ги почнеме преговорите за членство со Унијата.

Европратеникот Ројтен ја поздрави улогата на претседателот Џафери во подобрување на демократската култура во земјата, која според него, може да претставува пример и за некои земји членки на ЕУ. Тој нагласи дека политичките чинители треба да го одржуваат фокусот на реформите кои претстојат, а Европската Унија да го заврши својот дел од сложувалката во овој процес.

-Европскиот парламент смета дека ветувањето дадено кон земјата одамна требаше да се реализира. Европратениците ќе продолжат низ дијалог и партнерство да му помагаат на Собранието на неговиот евроинтеграциски пат, особено во текот на самите преговори за членство, се вели во соопштението.

Ројтен покажа интерес за следните заеднички чекори на Собранието и на Европскиот парламент во иднина. Негова порака до претседателот Цафери, како што се наведува, беше да продолжи со својата работа на одржување на политичкиот дијалог и отвореност кон јавноста како и досега.

Би можело да ве интересира

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата