БофА предвидува цената на барел нафта да се искачи до 120 долари

Од:

Референтната меѓународна цена на нафтата Брент ќе достигне 120 долари за барел до крајот на јуни 2022 година, се наведува во анализата на Банка на Америка (Bank of America BofA).

Катализатор за зголемената прогноза за цените на нафтата според БофА е актуелната светска енергетска криза, поради која цените на суровата нафта, јагленот, природниот гас и течниот природен гас (ЛНГ) нагло пораснаа поради нарушената рамнотежа меѓу понудата и побарувачката.

Пред само еден месец, БофА предвиде дека нафтата може да достигне 100 долари за барел во следните шест месеци, во случај зимата да биде постудена од вообичаеното. Тогаш се проценуваше дека ниските температури ќе бидат главен двигател на цените на светските енергетски пазари.

БофА сега наведува дека закрепнувањето на глобалната побарувачка на нафта ќе продолжи да ја надминува понудата во следната 1,5 година, што ќе резултира со пад на резервите и ќе подготви терен за пораст на цените на „црното злато“.

Организацијата на земјите извознички на нафта и нејзините сојузници, групата ОПЕК плус утре повторно ќе проценат дали дополнително да го зголемат производството.

Би можело да ве интересира

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Цените на нафтата скокнаа за над 8 отсто минатата недела поради ескалацијата на Блискиот Исток

Скокна цената на нафтата поради изјавата за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Поевтинува мазутот

Поевтинуваат бензините и дизелот