Иранскиот претседател Хасан Рухани денеска испрати пораки до претседателот на Сирија Башар ал Асад и либанската екстремистичка организација Хезболах, со кои им порачува дека Техеран ќе продолжи да ги поддржува своите сојузници.
– Иран и Сирија со зајакнување на меѓусебните односи ќе успеат да се соочат со непријателите во регионот, а посебно со ционистичкиот режим во Израел. Сирија ќе ја надмине сегашната криза, навед Рухани. Пораката е одговор на честитката од Асад за изборнарта победа на Рухани.
Иранскиот претседател му пиша и на лидерот на Хезболах, Хасан Насралах, нагласувајќи дека Техеран ја поддржува организацијата.
Пораките покажуваат дека Рухани ќе продолжи да ги одржува врските со сојузниците на Иран во регионот.