Утре му истекува мандатот на претседателот на Кривичен суд, Иван Џолев. Поради локалните избори, укинат беше конкурсот за избор на нов претседател, па затоа, сега ќе се постави вршител на должност. Претседателката на Судскиот свет за „А1он“, вели дека тоа ќе се направи на првата седница која ќе ја одржат за 14 денови. Според неофицијални информации, на оваа привремена функција постои можност да остане и актуелниот претседател Џолев, пред сѐ, бидејќи во тек е изготвувањето на годишните распореди.
„Нема оглас бидејќи со распишување на изборите сите посапки за избор и разрешување на судии се запираат. Чекаме конечни резултати да бидат објавени од Државната изборна комисија и на 15 ноември закажавме седница. Ние постапивме според мислењето на Антикорупциска, поради што имавме ограничување. Во вакви ситуации како оваа, за да непречено тече работата, избираме в.д. претседател. Изборот би требало да биде на првата наредна седница. Ние сме врзани со изборниот процес“, вели Павлина Црвенковска, претседателка на Судскиот совет за „А1он“.
Освен за Кривичен суд каде треба да се избере претседател, огласи треба да се распишат и за судии во Апелациониот суд-Скопје за кривичната област. Оглас треба да има и Апелација во Битола. За нив треба да се одлучи на наредната седница кога да се распишат и кои ќе бидат условите.