Полицијата во Валона заплени 1,2 тони марихуана

Од:

Албанската полиција во соработка со припадниците на специјалната полициска единица, во селото Пешкепи, кај приморскиот град Валона открила и запленила илјада и двесте килограми марихуана албанско производством јави дописникот на МИА од Тирана.

Уапсени се две лица Ерјон Нанај, 25 год. и Енио Лимушај, 23 год. а по едно се уште трага. Акцијата насловена „Старт2“ следувала по тримесечна истрага и следење на нарко групата, која во соработка со други лица дрогата требало да ја прошверцуваат за Италија по морски пат.

Продолжува интензивната истрага во соработка со полиции на други земји за идентификација на други лица вмешани во недозволена трговија со дрога. Запленетата марихуана била во 41 големи спортски торби натоварена во комби возило марка „мерцедес“.

И покрај зајакнатите мерки на контрола и големите количини запленета дрога, сепак албанските нарко дилери не мируваат и најактивни се во правец кон Италија и Грција.

Во изминатиот период од годинава полициите на трите држави имаат запленето над 25 тони марихуана, произведена во Албанија.

Освен со шверцерите на дрога, албанската полиција мака мачи и со оние на луѓе. Во Валона отркиени се 13 авганистански и пакистански државјани кои илегално ја минале границата и за сума од две илјади евра требало да бидат префрелни за Италија.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски