Градоначалникот Трајановски ја посети општина Сарај

Од:

Скопскиот градоначалник Коце Трајановски денеска ја посети општина Сарај. На средбата присуствуваa градоначалникот на општина Сарај Беким Мурати, претставници од јавните претпријатија на Град Скопје, од градската администрација и претставници на урбаните и месните заедници на општина Сарај.

Градоначалниците Трајановски и Мурати искажаа задоволство од досегашната соработка и оценија дека е на високо ниво. Потенцираа дека овие средби се позитивни и оти резултирале со подобрување на работата на јавните претпријатија на терен.

Трајановски на почетокот на средбата даде краток осврт за реализираните проекти на територијата на општина Сарај во изминативе четири години. Како најважни ги наведе изградбата на новиот мост на реката Вардар, реконструкцијата на главната улица во село Крушопек, асфалтирањето на патот меѓу селата Копаница и Рашче, како и целосно осветлување на патот од село Глумово до влезот на хидроцентралата „Матка“.

Во наредниве четири години, како најважни проекти кои треба да се реализираат на територијата на општина Сарај се реконструкција и проширување на главната улица во населеното место Сарај, изградба на ново средно училиште, каде камен-темелник беше поставен изминатиов викенд, како и продолжување на активностите за ревитализација на езерото Треска.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција

(ВИДЕО) Невремето го покоси Скопје: Оштетени „Вила Водно“, зградите на министерства, Обвинителство

Син уби татко во Скопје

А1он