Стејт департмент: Ги следиме случувањата во Македонија, соработката со Владата продолжува

Од:

САД очекуваат да ја продолжат соработката со Северна Македонија во областите од заеднички интерес, соопшти Стејт департментот одговарајќи на барањето да ја искоментира оставката на премиерот Зоран Заев по завчерашните локални избори.

– Американската амбасада ги следи настаните по вториот круг локални избори, вклучувајќи ја и најавата за оставка од премиерот Зоран Заев, се вели во изјавата од портпаролот на Стејт департментот.

Во изјавата се нагласува дека „САД ја сметаат Северна Македонија како доверлив и ценет партнер во регионот, и со нетрпение очекуваат да продолжи соработката со Владата на Северна Македонија во областите од заеднички интерес додека го продолжува напредокот што го постигна кон евроатлантската интеграција“.

Би можело да ве интересира

Стејт департментот е запознаен со инцидентот на Скопскиот аеродром

Стејт департмент: Северна Македонија не ги исполнува минималните стандарди за елиминација на трговијата со луѓе

Стејт департментот издаде итно соопштение: „Бидете внимателни низ светот“

САД: Северна Македонија да го одржи духот на Договорот од Преспа

Стејт департмент: Израел уверува дека сака дипломатско решение со Хезболах

Стејт департмент: Реториката на израелските министри е запалива и неодговорна