Египетските власти уапсиле 401 лице по судирите, кои избувнаа изминатата ноќ во Каиро меѓу приврзаници на соборениот претседател Мохамед Морси од една страна и силите за безбедност и противници на Морси, од друга.
Уапсените учествувале во нередите во реонот на булеварот „Рамзес“, каде загинаа две лица.
Вкупно седум лица загинаа во синоќешните нереди.