Во Шпанија уапсен еден од десетте најбарани криминалци во Европа

Од:

Шпанската полиција денеска соопшти дека уапсила британски државјанин, еден од десетте најбарани криминалци во Европа. Брајан Чарингтон е осомничен дека раководел со организација за илегална трговија со дрога.

Тој е уапсен заедно со неговата пријателка и синот во рамките на полициската операција, при што се уапсени 13 луѓе во Шпанија и во Венецуела. Не е познато кога е уапсен Чарингтон, поранешен трговец со автомобили од Мадлсборо, Северна Англија.

Полицијата конфискувала 220 килограми кокаин од стан во Аликанте, Шпанија, како и банкарски сметки, имот и стоки во вредност од пет милиони евра.

kokainSpanska

Тоа било заедничка операција на шпанската полиција со безбедносните сили на Венецуела, на Колумбија, на Аргентина и на Велика Британија и со поддршка на јужноамериканската организација АМЕРИПОЛ.

Шпанија е популарна дестинација за британските криминалци, кои го користат недостатокот на договор за екстрадиција меѓу двете земји.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина Романци, сите роднини, се степаа на улица во Шпанија

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Двојно убиство во Барселона: Маж ја убил својата поранешна, но и сегашната партнерка

Момче е убиено на фудбалски терен во Толедо

Гледањето на Реал Мадрид на стадион станува луксуз

Предраг Петровиќ

Србин баран со потерница од Интерпол е убиен во Шпанија