Власта им прости 43 милиони евра долг на „Македонски шуми“

Од:

Пратениците му го простија долгот на јавното претпријатие „Македонски шуми“, тежок 43 милиони евра. Побарувањата на државата по основ на данок на додадена вредност, данок од добивка, персонален данок на доход, придонеси за пензиско и инвалидско осигурување, камати и обврски во јавното претпријатие „Македонски шуми“ ќе се претворат во траен долг.

Ова го одлучи владиното мнозинство во Комисијата за финансирање и буџет. Опозицијата беше против.

Заменик-министерот за финансии Ардијан Џеладини,ова го правдаше со потребата од непречено управување и поголема стабилност на претпријатието. Тој потенцира дека се работи за стар долг на претпријатието и оти по 2009 година тоа работи рентабилно и редовно ги исплаќа платите на вработените.

За опозицијата не е фер да му се простуваат долговите на јавното претпријатие од околу 43 милиони евра, а приватните компании да ги плаќаат редовно даноците.

„Ова што се случува ја покажува слабоста на власта да не најде менаџерски тим којшто ќе знае да управува со македонските шуми. Тие се национално богатство на Република Македонија. Досега не сме виделе некој да понесе одговорност“, рече Марјанчо Николов од СДСМ.

Би можело да ве интересира

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата