Иран ги обвини САД и Израел за кибер напад што ја наруши работата на бензинските пумпи

Од:

САД и Израел стојат зад кибер нападот, кој го собори системот за снабдување со гориво по пристапни цени на иранските бензински пумпи, изјави шефот на Организацијата за цивилна одбрана, бригадниот генерал Голам Реза Џалали.

На 27 октомври, иранските бензински пумпи беа затворени како резултат на кибер напад. Многу од нив се затворени затоа што возачите претпочитаат да ги полнат резервоарите со картички за гориво, кои им овозможуваат да купуваат бензин по подобри цени. Во средата беше нормализирана работата на сите бензински пумпи, а проблемот не доведе до поскапување на горивата.

– Според последните податоци од истрагата за кибер нападот, претходниот извршен врз државната железница е сличен на оној против системите за бензински пумпи. Затоа овој кибер напад е дело на САД и Израел, рече Џалали.

Ова не е првпат да се случуваат вакви кибер напади врз државни институции и организации во Иран. Во јули беа исклучени компјутерските системи на Министерството за транспорт. Како резултат на напад на државните системи за управување со железницата, дојде до проблеми со движењето на возовите.

Би можело да ве интересира

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Неизвесна судбината на иранската студентка

А1он

Заканувачки говор на Хамнеи: Израел и САД можат да очекуваат разорен одговор

А1он