Баросо: Ако Исланд сака, вратите на ЕУ се отворени за оваа земја

Од:

Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо денеска во Брисел изјави дека вратите на Европската унија и понатаму се отворени за Исланд, со напомена, доколку тоа го сакаат граѓаните на оваа држава, јавува дописникот на МИА од Брисел.

По средбата со исландскиот премиер Сигмундур Давид Гунлаугсон, чија Влада ги стопираше преговорите за членство во ЕУ со цел „заштита на интересите на Исланд“, Баросо истакна дека „Комисијата е подготвена да ги продолжи пристапните преговори со оваа земја“.

– Сигурен сум дека во тие преговори ќе можеме да најдеме решение и за исландските посебности. Во интерес на ЕУ и Исланд е одлуката за (не)продолжување на преговорите да се донесе врз основа на длабоко промислување, објективност и транспарентност. Но, времето исткува и во заеднички интерес е оваа одлука да се донесе час поскоро – истакна Баросо.

И покрај ваквиот апел на првиот човек на неформалната Влада на Унијата, новата исландска Влада избрана на почетокот на оваа година ги прекина преговорите за членство отворени во 2010 година, се додека за тоа не се изјаснат граѓаните на Исланд.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он