Застрелан ловџија во кумановско Габреш

Од:

Ловџија застрелал друг ловџија при лов во атарот на село Габреш, соопшти денеска СВР Куманово.

– Утрово во 08:00 часот во СВР Куманово педесет и деветгодишниот И.С. од Куманово пријавил дека во село Габреш во месноста Островица, пукајќи во лов го застрелал Ч.Р.(67) од село Лопате. Од страна на Брза помош е констатирано дека лицето починало, а увидот е сè уште во тек, информираа денеска од СВР Куманово.

Од полицијата најавија повеќе информации за случајот по завршување на увидот.

Би можело да ве интересира

Велешанец усмртен од камион

Полицаец издавал службени тајни на адвокат на осомничен

Три лица пронајдени починати во Скопје, наредени обдукции

Кривична пријава за дебранец кој возел без возачка, во алкохолизирана состојба и ги нападнал полицајците

Кривина пријава за жител на Пласница кој го отшетил возот „Ќиро“

Професор истепал ученичка во средо училиште во Кичево