Балетската премиера „Жизел“ во Националната опера и балет

Од:

На сцената на Националната опера и балет со почеток во 20 часот, ќе се одигра балетската премиера „Жизел“.

„Жизел“ е магичната и безвременска приказна за несреќната љубов, преточена во музиката на францускиот композитор Адолф Адам.

Адаптацијата на кореографријата е на Ирена Пасариќ од Хрватска, според кореографијата на Жан Корали, Жил Перо, Мариус Петипа и Леонид Лавровски. Пасариќ е хрватска примабалерина со богата домашна и меѓународна кариера, како и поранешен директор на Балетот на Хрватско народно казалиште (ХНК) во Загреб.

На премиерата со оркестарот на Национална опера и балет ќе диригира маестро Иван Еминовиќ.

Настапуваат: Жизел: Марија Кичевска Шокаровска, Алберт: Васил Чичиашвили (Грузија), Хиларион: Игор Веланоски, Мирта: Ивана Коцевска , Па де де: Христина Наќевска, Ендру Кук (Англија) , Мајка: Марија Јосифовска Ристовска, Батилда: Марија Брдароска, Гроф: Александар Петковски, Придружник на грофот: Драган Кочоски.

Влезот е дозволен само со потврда за извршена вакцинација против корона вирусот или потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.

Би можело да ве интересира

Двојна изведба на балетската претстава „Заспаната убавица“ од П. И. Чајковски

На Денот на шегата и маските уште две претстави на „Петар Пан“

Ана Ололовска

Балетската претстава „Жизел“ во Националната опера и балет

Ана Ололовска

Изведба на оперската претстава „Боеми“ во Националната опера и балет

Ана Ололовска

Изведба на балетската претстава „Дон Кихот“ од Лудвиг Минкус

Ана Ололовска

Националната опера и балет со балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон” во Пловдив

Ана Ололовска