Во Ресен денеска почна реконструкцијата на домот на културата „Драги Тозија“ или познат како сарајот на Ахмед Нијази Бег.
Реконструкцијата, како што информира Општина Ресен, ќе се одвива во две фази, а првата е во вредност од околу два милиони денари.
Увид во градежните работи изврши градоначалникот Живко Гошаревски, кој посочи дека со реконструкцијата на кровната конструкција трајно ќе се реши еден долгогодишен проблем.
– Со ова трајно се решава еден долгогодишен проблем, кој е од големо значење во целокупната заштита на нашето културно богатство.Во исто време поднесена е апликација за добивање средства за целосна внатрешна реконструкција на ресенскиот Сарај, изјави Гошаревски.
Реконструкцијата е предвидена во годишната програма на националната установа Завод и музеј – Битола, финансирана од Министерството за култура.