Тони Надал, чичкото и тренер на Рафаел Надал, призна дека на својот внук му дава совети во текот на натпреварите, иако знае дека тоа е против правилата.
-Зборувам со Рафаел во текот на натпреварите. Знам дека тоа не е дозволено, но сметам дека во мои години нема што да кријам, рече Тони, иако останува нејасно каква врска имаат годините со кршење на правилата.
Претходните години се водеа бројни полемики околу т.н. „коучинг“, но судиите не зазедоа построг став кон таа појава, која што е особено изразена во случајот на Надал.
По поразот во првото коло на Вимблдон, Рафаел на терен ќе се врати на петти август.
Eлена Георгиевска