Јапонија ги бара сопствениците на 400 пусти острови

Од:

Јапонската Влада формира специјална комисија која има задача да ги пронајде сопствениците на повеќе од 400 острови во територијалните води на оваа земја и да ги национализира оние кои немаат сопственик.

Медиумите објавија дека во комисијата ќе бидат вклучени претставници од јапонските министерства за правда и за финансии, како и на крајбрежната служба за безбедност на Јапонија.

Целта на проектот е да се пронајдат постоечките сопственици или да се национализираат оние кои се без сопственик и потоа да добијат нови имиња. Повод за ваквиот потег на јапонската Влада се се почестите несогласувања меѓу земјите во регионот околу прашањето за овие пусти острови.

Проектот е планиран да заврши следната година.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови