Седуммина убиени и 261 ранети во судири во Каиро

Од:

Седум лица се убиени, а 261 се ранети минатата ноќ и синоќа во Каиро, во судирите меѓу приврзаниците на соборениот египетски претседател Мохамед Морси, негови противници и припадниците на силите за зачувување на редот.

Две лица загинаа на мост во центарот на градот, а пет се убиени во југозападниот кварт Гиза. Египетската полиција употреби солзавец во центарот на Каиро за разбивање на учесниците во судирите меѓу поддржувачи на Морси и локални жители.

Ова е прв случај на насилство во последната недела во кој учествуваат приврзаници на Морси.

Поддржувачите на Морси ја блокирале една од главните улици во Каиро, „Рамзес“, како и мостот „Шести октомври“ над реката Нил.

Тоа ги разгневило возачите и минувачите и по кусо време дошло до судири, што ја принудило полицијата да употреби солзавец за разбивање на спротивставените страни.

Стотина лица загинаа во Египет при судири по смената на Морси од власта од страна на армијата на 3. јули.

Само на 8. јули, 53 приврзаници на Морси беа убиени откако египетски војници отворија оган врз учесниците на насилните протести пред седиштето на Републиканската гарда во Каиро. При, судирите загинаа и четворица војници.

Би можело да ве интересира

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро