Активисти на религиозната организација „Католичка вистина“ побараа екскомуницирање од Црквата и забрана за присуство на миси и верски обреди на сите членови од двата дома на британскиот Парламент од католичка вероисповест, кои гласаа за легализирање на хомосексуалните бракови.
Реакцијата на ова здружение доаѓа во време на усвојувањето на Законот, па се оценува како притисок врз пратениците.
Законот, кој ја подели британската јавност, беше прифатен со големо мнозинство од пратениците во Долниот дом, а синока беше одобрен и од Домот на лордовите.
Донесувањето на овој закон го поддржа лабуристите и либералните демократи, но и мнозинството конзервативци, врз кои силен притисок вршеше премиерот Дејвид Камерон, нагласувајќи дека станува збор за закон со кој „конечно сите луѓе се изедначуваат без разлика на нивната (сексуална) определба“.
Некои католици од опозициската Лабуристичка партија јавно ги осудија заканите за екскомуницирање и за отфрлање од Католичката црква, тврдејќи дека таквиот потег е погрешен.
– Тоа е сосема спротивно на моите погледи за тоа каква треба да биде христијанската религија, изјави лабуристичкиот пратеник католик Роб Фиело.
Претставник на „Католичка вистина“ меѓутоа тврди дека нема основа за приговори, затоа што станува збор за прашање кое произлегува од црковното право.
– Поддржувајки еден ваков закон, политичарите-католици, практично, самите се екскомуницираат од својата Црква, изјави претставникот на „Католичка вистина“, Патриша Мекивер.