Конференција за писменото и книжевното културно наследство од Скопје и Скопско

Од:

Во свеста на денешната заедница, нашето вековно ракописно и културно богатство недоволно се познава, како што недоволно се познава и процесот на омасовувањето на писменоста. Исто така, недостатно се популаризира и не го ужива достоинството и значењето што треба да го има и што единствено го крепи или воопшто може да го крепи нашиот историски континуитет, констатираше директорката на Институтот за македонска литература при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, д-р Наташа Аврамовска.

Таа денеска на отворањето на третата конференција „Писменото и книжевното културно наследство од Скопје и Скопско“, организирана од Институтот за македонска литература со поддршка на Град Скопје посочи дека постои масовна игноранција, односно недостатна освестеност на виталноста и важноста на нашата културна традиција.

– Денешното навраќање на темите за културното наследство е потребно во време на една негова современа ингоранција, а тоа единствено може да не крепи и поткрепи на сцената на актуелните случувања, на повторно доведување во прашање на нашиот културен идентитет и легитимитет. Во свеста во круговите на зналците тоа е познато, но зборувам за потребата од негова поширока популаризација и токму во тој контекст се овие три години навраќања и свртување на погледот како интенција на Институтот за македонска литература за популаризација, рече директорката.

Како што посочи, традицијата на писменоста – ракописната и скрипторската на оваа почва и омасовувањето на писменоста со помош на печатената книга, училиштата и читалиштата во 19 век, открива еден сосем поинаков аспект на нашето скопско траење во времето, на кое што со право можеме да бидеме горди како заедница.

-Со жалење меѓутоа мораме да констатираме дека во свеста на нашата денешна заедница, нашето вековно ракописно, културно богатство недостатно се познава, како што недостатно се познава и процесот на омасовувањето на писменоста, недостатно се популаризира и не го уживаат достоинството и значењето што треба да го имаат и што единствено го крепи или воопшто може да го крпеи нашиот историски континуитет, изјави Аврамовска.

Претседателот на Организациониот одбор при Институтот за македонска литература, д-р Илија Велев на денешната конференција посочи дека целта на трите конференции е да се укаже на значењето и улогата на новите форми на доближувањето на интеркултурните комуникации меѓу народите и меѓу земјите, при што, според професорот, се покажало дека културниот туризам е алката која што ги поврзува новите современи, глобални, културни прелевања меѓу народите.

Особено, додаде тој, целта беше да се посочат можните дестинации за развој на културниот туризам во град Скопје.

– Институтот за македонска литература се вклучи во културниот развој на Скопје со интерактивни и мобилни проекти поврзани со предметите што ги предаваме на студиите од втор циклус, и на докторските студии при нашиот Институт, во кој што се предаваат предметите Културно наследство, Афирмација и заштита на културното наследство. Од минатата година првпат имаме и предмет Културен туризам кој што се покажа мошне мобилен, изјави Велев.

Професорот Велев зборуваше и за значењето на писмата во културно историски и современ контекст. Според него, писмата се крајна цивилизациска придобивка, своевиден видлив јазик против заборавот, кој како избор помага засекогаш да се памети и да се овековечи изговорениот, но и помислениот збор од памти века, до нашето современие.

-Откриените или идентификуваните писмени документи од најстаро врмее па наваму нудат побогата информација за минатото, отколку дневните археолошки наоди како артефакти. Писмените споменици се културуно наследство како меморија и како традиција, проткаено низ цивилизацискиот разој на човештвото кое овозможува да се комуницира од просторна но и од временска дистанца, додаде Велев.

Во рамки на денешната конференција беше промовиран и Зборникот на научни трудови „Културниот туризам во афирмација на македонското културно наследство во Скопје и Скопско“, чиј промотор беше професорката Ана Мартиноска.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска