• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

(ВИДЕО) Ангеловски: Внатрешната контрола на МВР ги испита наводите, ВМРО-ДПМНЕ шири невистини

by А1он27/10/2021 - 10:4027/10/2021 - 10:41136
Share0

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во МВР ги изврши потребните проверки по наводите изнесени од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ за планирано физичко малтретирање од страна на полициски службеници вработени во ОВР Прилеп, при што констатира дека во ПС Прилеп, Помошниот оперативен штаб и Републичкиот оперативен штаб локални избори 2021 нема регистрирано пријава од граѓанин или правен субјект дека во предизборниот период, денот на гласањето или во постизборниот период од страна на полициски службеници при преземање на службени дејства е постапувано незаконски или непрофесионално или на кој било начин е малтретиранo лице при вршење на служба, како што беше изнесено на прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ, рече Тони Ангеловски, портпарол на МВР.

Добивај вести на вибер

„На денот на изборите, 17 октомври во Прилеп нема испратено возило на технички преглед, ниту пак е изречена санкција за сообраќаен прекршок, што исто така говори дека наведените дејствија, всушност не се случиле.

МВР е гарант за слободно изразување на вољата на гласачите на изборите од 2017 до денес и тоа ќе продолжи да биде и понатаму. Апелираме , ВМРО-ДПМНЕ да престане да шири невистини, а граѓаните слободно да ја изразат својата волја во недела на вториот круг од локалните избори“, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес конференција.

mvr

Би можело да ве интересира

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Горан Наумовски26/01/2026 - 10:23

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски26/01/2026 - 09:4426/01/2026 - 10:06

Лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ и од Единица за кибер безбедност, апел од МВР за внимателност

Катерина Ѓуровски21/01/2026 - 13:59

Се појавија лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ – МВР апелира да не се споделуваат лични податоци

А1он20/01/2026 - 15:3820/01/2026 - 15:38

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он12/01/2026 - 19:36

МВР: Искршено е стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија

Горан Наумовски11/01/2026 - 21:01
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен