Во напад на ирачко село убиени 11 лица

Од:

Исламски милитанти убија 11 лица во вторникот, вклучително и жени во напад на село во источната ирачка провинција Дијала, објави Здружената оперативна команда.

Цел на нападот биле беспомошни цивили во селото Ал-Хаваша во близина на градот Мукдадија, соопшти командата.

Безбедносни и воени извори во вторникот изјавија дека непознати напаѓачи убиле 11, а раниле 15 лица.

Полицијата соопшти дека напаѓачите влегле во селото со неколку возила и биле вооружени со полуавтоматски пушки.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак