Конференцијата „Писменото и книжевното културно наследство од Скопје и Скопско“, ќе се одржи денеска во организација на Институтот за македонска литература.
На настанот ќе се обратат проф. д-р Наташа Аврамовска, в.д. директорка на Институтот за македонска литература и проф. д-р Илија Велев, претседател на Организацискиот одбор, а ќе има и интерактивна интерпретација за развојот на словенската писменост на Марина Цветаноска.
Промоција на Зборникот на научни трудови за културниот туризам во афирмација на македонското културно наследство во Скопје и Скопско ќе одржи проф. д-р Ана Мартиноска.
Конференцијата е поддржана од Град Скопје, Министерството за образование и наука и Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје.