Илјадници припадници на арапското малцинство во Израел протестираа против планот на Владата за иселување на десетици илјади бедуини од пустината Негев во соодветни населби.
Во админстративниот центар на Негев, Беершеба во демонстрациите, според полицијата, учествуваат 800 лица, а според организаторите, неколку илјади.
Петнаесет лица се приведени по судирите со полицијата, во кои три лица се полесно повредени, изјави портпаролот на полицијата Луба Самри.
Во околината на арапската населба Сахин во северен Израел протестен марш одржаа неколку стотини лица. Силите на редот приведоа 14 демонстранти, кои го блокираа патот и фрлаа со камења, додаде портпаролката.
Стотина лица се собраа во источен Ерусалим, каде полициајта исто така беше гаѓана со камења, при што е уапсен најмалку еден демонстрант.
Раководството на заедницата на израелските Арапи вчера повика на „Ден на гневот“, при што демонстрации се одржаа во 15 места во Негев, во Галилеја и во квартот Јафа во Тел Авив.
Израелскиот Парламент во јуни го усвои во прва фаза нацрт-законот, кој предвидува принудно иселување на 30 до 40 илјади бедуини, уривање на околу 40 нивни населби и одземање на над 70 илјади хектари земја во Негев.
Во Израел живеат околу 160.000 бедиуни, од кои повеќето во пустината Негев и нејзината околина. Над половина од нив живеат во нелегални населби без комуналии.