Сопственикот на хотелот „Родина” во Софија, Васил Нинов и директорот на истиот хотел Константин Георгиев се имињата на двајцата Бугари уапсени во заедничка акција на грчката полиција и DEA на пристаништето во Солун, соопшти министерот за внатрешни работи, Цветан Цветанов.
Цветанов ги замоли новинарите да испитаат околу кои политички сили гравитират двајцата. Агенцијата BGNES, потсетува дека грчката полиција во Солун заплениla вчера пратка од близу 168 килограми кокаин, при операција на пристаништето во градот, спроведена во соработка со американската агенција за борба со наркотици ДЕА.
Приведени беа четворица – Шпанец, Португалец и двајца Бугари.
Инаку според информации на агенцијата, Васил Нинов бил близок соработник на Иван-Докторот и имал пријатели на високи позиции во македонската влада.