Протести во 22 египетски градови

Од:

Во 22 египетски градови вечерва се одржуваат така наречените „Милионски протести“ на кои граѓаните го изразуваат својот револт поради воениот удар со кој беше соборен претседателот Мохамед Морси.

Само на плоштадите во Каиро се собраа повеќе од два милиони луѓе. По преземањето на власта од страна на армијата на 3 јули, на плоштадот Рабитаул Адевије почна протест, кој трае без прекин. Муслиманско братство вечерва ги повика граѓаните на Египет да излезат и „да го кренат својот глас против воената диктатура“.

Демонстрантите во Каиро и другите градови бараат враќање на Морси на претседателската функција и враќање на Уставот.

Насобраниот народ извикува пароли против египетската армија, но и антиамерикански, антиизраелски, антикувајтски, како и против политиката на Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.

Би можело да ве интересира

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро