Вилијам Барнс: САД нема да заземат страна во Египет

Од:

САД нема да заземат страна во случувањата во Египет, изјави денеска американскиот заменик државен секретар Вилијам Барнс, кој е во дводневна посета на земјата.

– Ние не застануваме зад конкретни личности или конкретни партии. Не дојдов со американски решенија, ниту дојдов некого да подучувам. Ние нема да се обидеме да го наметнеме нашиот модел на Египет, посочи Барнс.

Тој ја повика армијата да се воздржи од политички мотивирани апсења, откако беа уапсени членови на Муслиманско братство, а соборениот претседател Мохамед Морси е во притвор на непознато место.

– Ако се приведени или исклучени претставниците на некои од најголемите партии во Египет, како е можно да има дијалог, запраша Барнс.

Тој апелираше и до приврзаниците на Морси да учествуваат на мирен начин во политичкиот процес.

Барнс денеска се сретна со привремениот претседател на Египет Али Мансур. На состанокот во претседателската палата во Каиро присуствуваа и амбасадорката на САД во Египет, Ана Патерсон, како и политичкиот советник на Мансур, Мустафа Хицази. По средбата немаше изјава за медиумите.

Предвидено е Барнс да се сретне со потпретседателот одговорен за надворешни работи Мухамед Барадеј, министерот за одбрана Абдулфетах ал Сиси, како и со други египетски високи претставници.

Барнс вчера се сртетна со новиот египетски премиер Хазим Баблави.

Би можело да ве интересира

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски