Воената хунта во Мјанмар го осуди последниот извештај на ОН за човековите права во оваа земја

Од:

Воената власт на Мјанмар денеска го осуди последниот извештај на Обединетите нации (ОН) за човековите права во оваа земја, оценувајќи дека тој поттикнува насилство.

Мјанмар од февруари се наоѓа во целосен хаос, откако војската ја презеде власта со државен удар, соборувајќи ја демократски избраната власт.

Оттогаш, повеќе од 1.100 луѓе загинаа во репресиите на воената хунта врз демонстрантите кои се противат на насилното преземање на власта .

Известувачот на ОН за човекови права за Мјанмар, Том Ендрјус, во петокот пред Генералното собрание на ОН изјави дека се плаши дека ситуацијата ќе се влоши и ја обвини воената хунта дека „на северот од земјата акумулирала десетици илјади војници и тешко вооружување“.

Воената хунта денеска ги отфрли овие обвинувања, притоа самата обвинувајќи ги Обединетите нации дека ги користат човековите права како „политичко средство за мешање во внатрешните работи на Мјанмар“.

„Наводите на ОН можат само да создадат дополнителни поделби во земјата и да поттикнат насилство во неа“, изјавија воените власти на Мјанмар.

Помалку од девет месеци по преземањето на власта, генералите на Мјанмар се уште не успеваат опозицијата да ја стават под контрола, чии членови редовно се судираат со војската.

Хунтата денеска соопшти дека од почетокот на немирите во февруари исчезнале повеќе од 70 војници и 93 полицајци. Аналитичарите веруваат дека воената влада ги минимизира сопствените загуби. Војската е под зголемен притисок од меѓународната заедница да почне дијалог со своите противници.

Би можело да ве интересира

Тајфунот Јаги усмрти најмалку 74 лица во Мјанмар

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

(ВИДЕО) Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Амнестија за 7.012 затворенции во Мијанмар по повод одбележувањето на Денот на независноста

А1он

Канада со нови санкции кон Русија, Иран и Мјанмар

А1он

ВИДЕО: Најмалку 80 цивили загинаа во воени воздушни напади за време на концерт во Мјанмар

Ана Ололовска