Промовирањето на новоименуваниот ирански гувернер Зеинолабедин Корам беше драматично прекинато откако маж излезе на говорницата и му удри шлаканица.
Инцидентот се случи додека Корам, новиот гувернер на провинцијата Источен Азербејџан, држеше говор во џамија во градот Табриз на североисток од земјата.
На видеото објавено на интернет од иранската новинска агенција Фарс се гледа како маж мирно му приоѓа на Корам, му удира шлаканици, а потоа го турка. На снимката се гледа како обезбедувањето трча кон мажот, кој е идентификуван како Ајуба Ализадех, припадник на иранските вооружени сили, и го влече од бината.
The newly appointed governor of Iran's East Azerbaijan province, Zeinolabedin Khorram-Razavi known as Abedin Khorram, was slapped on the face during his inauguration ceremony in Tabriz on Saturday.https://t.co/n5RrFxWTiB pic.twitter.com/wt2fN3o091
— AVA TODAY (@ava_today) October 24, 2021
На настанот присуствуваа министерот за внатрешни работи на Иран, претставници на канцеларијата на Ајатолах Хамнеи и други високи државни функционери.
Во интервју за државната телевизија ИРИБ, новиот гувернер рече дека не го познава лично сторителот.
Мотивот за нападот сѐ уште не е утврден.