Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган му наложил на министерот за надворешни работи да прогласи за персона нон грата 10 амбасадори меѓу кои и претставниците на САД, Франција и Германија.
Ова доаѓа по заедничката изјава во кој амбасадорите на 10 земји кои побараа ослободување на филантропот Осман Кавала. Потписници на соопштението се САД, Германија, Канада, Данска, Холандија, Норвешка, Франција, Финска и Нов Зеланд.
Министерството за надворешни работи ги повикало амбасадорите на разговор во вторник поради „неодговорното“ соопштение во кое повикаа на праведно и брзо решавање на случајот на Кавал.
Тој е во затвор од 2017 година, а обвинет е за финасирање на протести и за учество во неуспешниот државен удар. Тој е затворед без осудителна пресуда. Европскиот суд за човекови права побара да биде ослободен.
Минатата година беше ослободен од обвинението за протестите во 2013 година, но оваа пресуда беше укината и ова обвинение беше комбинирано со другиот случај за обидот за државен удар.