Три локалитети на културно наследство во Западен Балкан финансирани од ЕУ со 2,8 милиони евра

Од:

Три локалитети во Западен Балкан се одбрани за финансирање во проектот на ЕУ, вреден 2,8 милиони евра, за зачувување и обнова на културното наследство во регионот, објави денеска Европската комисија на состанокот на работната група за култура и општество при Советот за регионална соработка (РЦЦ), одржан во Нови Сад.

– Европската комисија донесе одлука и одбра три локалитети за финансирање во рамки на посебен грант на ЕУ чија реализација ќе го зголеми влијанието и видливоста на Љубљанскиот процес, рече Венцеслас де Лобкович, советник за културно наследство во Генералната дирекција на ЕК за проширување.

Проектите кои треба да се финансираат се Францисканскиот манастир во Бач во Србија, тврдината Кастел во Бања Лука во Босна и Херцеговина и археолошкиот локалитет Аполонија во Албанија.

Претседавачот на Работната група, Борче Николовски ја истакна важноста од успешната реализација на средствата на ЕУ во износ од 500.000 евра за обнова на спомениците на кои им е потребна итна интервенција, прелиминарни истражни работи, идејни проекти и изработка на планови на менаџирање.

Би можело да ве интересира

Осуммина Македонци на листата 100 најбогати во регионот за 2024

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот