Египетските христијани се мета на бран насилства откако армијата го собори претседателот Мохамед Морси, а државата не успева да ги заштити, соопшти денска невладината организација Египетска иницијатива за лични права.
Во најновиот инцидент, убиени се четворица копти во Луксор, а христијанските цркви се палат и се ограбуваат.
Во четвртокот на еден копт му беше отсечена главата, пет дена откако беше киднапиран на Синај, каде напаѓачите пред две недели убија еден коптски свештеник.
Во Египет во април најмалку осуммина загинаа, а 20 се повредени во судири меѓу коптите и муслиманите во североисточниот дел од земјата.
– Тоа што загрижува е неуспехот на безбедносниот апарат да го заштити имотот и граѓаните кои се цел на напади поради своите верска припадност. Коптите ја плаќаат цената поради подбуцнувачката реторика против нив од страна на одредени исламистички лидери и привразници на поранешниот претседател Морси, истакна претставвникот на Организацијата, Ишак Ибрахим.