САД издале лиценци за извоз во вредност од 100 милијарди долари на добавувач на Хуавеи

Од:

Кинескиот телекомуникациски гигант Хуавеи и најголемиот кинески производител на чипови SMIC увезле американска технологија во вредност од 100 милијарди долари од ноември 2020 година до април 2021 година, и покрај тоа што биле ставени на црната листа за трговија на САД. Тоа се наведува во документите објавени од американскиот Конгрес.

Според документите во кои имале увид американски медиуми, 113 лиценци за извоз во вкупна вредност од 61 милијарда американски долари се доделени на американски добавувачи за продажба на стоки на Хуавеи.

Дополнително, 188 лиценци во вредност од речиси 42 милијарди долари добија зелено светло за продажба на SMIC (Semiconductor Manufacturing International Corp.), пренесува Волстрит џурнал.

Комисијата за надворешни работи на Претставничкиот дом на САД вчера гласаше за одобрување на барањето на највисокиот републикански член Мајкл Мекол за објавување податоци за дозволите, кои Конгресот ги доби од Министерството за трговија во мај.

Податоците, исто така, покажаа дека повеќе од 9 од 10 апликации за лиценца им биле одобрени на добавувачите на SMIC, додека околу 69 проценти од апликациите биле одобрени за испорака до Хуавеи во истиот период.

Би можело да ве интересира

Федерална комисија на САД укина одобрување за нова опема од „Хуавеи“ и од „ЗТЕ“

Ана Ололовска

Хуавеи гради фабрика на исток во Францција, прва надвор од Кина

Ана Ололовска

Германија ќе дозволи Хуавеј да учествува во изградбата на 5Г мрежата

Ана Ололовска

Хуавеј отвора сопствена фабрика за чипови

Ана Ололовска

Жао: Кина цврсто се противи на притисоците врз Хуавеј

Ана Ололовска

Британската Влада до 2025 година ќе ја отстрани опремата на Хуавеј

Ана Ололовска