Размена на руски и германски шпиони?

Од:

Руските шпиони, брачниот пар Андреас и Хајдрун Аншлаг осудени во Германија, на шест ипол и пет ипол години затвор, сметаат дека би можеле да се вратат во Русија по пат на размена на разузнавачи.

Нивниот адвокат Хорст Дитер Петчке рече дека шпионскиот пар смета дека би можеле да бидат разменети со некој од западните шпиуни, кој е на затворска казна во Русија.

Рускиот дневник „Комерсант“ пишува дека Петчке тврди дека до размена би можело да дојде секој момент.

Можен кандидат за размена е Андреј Думенков кој 2006 година е осуден на 12 години поради шпионажа во корист на Германија и обид на Германците да им предаде документи за конструкција на руското ракетно оружје.

Втор кандидат е поранешен полковник на руската Федерална служба за безбедност Валериј Михаилов, кој е осуден на 18 години затвор поради шпионажа за САД.

За шпионажата на Андреас и Хајдрун Аншлаг, Германците дознале од американскиот ФБИ откако во САД пребегал шпиунот Александар Потејев кој издаде цела мрежа руски шпиони.

Десет руски шпиони пред почеток на судењето се разменети со четири руски граѓани кои шпионирале за држави од запад.

За сопружниците Аншлаг судот успеал да добие докази за нивната шпионажа само за периодот од 2008 до 2010 година, но не успеал да ги утврди дури ниту нивните вистински имиња.

Eлена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Мртво девојче е пронајдено покрај брегот на Рајна, уапсени се нејзините родители

Германија протера авганистанско семејство, Варшава го осуди овој потег како кршење на законот

Горан Наумовски

Небензја: Русија ќе бара меѓународно признавање на нацистичките злосторства во СССР

(ВИДЕО) Германската полиција спречи можен масакр во Хамбург

(ВИДЕО) Германија: Полиција застрела маж кој се обидел да нападне минувачи со секира близу фан зоната со холандски навивачи

Горан Наумовски

Ликвидирани се киднаперите од истражниот затвор во Ростов на Дон